Connect with us

Флорентино Перез откри зошто Мбапе не дојде во Реал Мадрид: Никој тоа не се осудил да го побара…

Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, во емисијата „Ел Чирингито“ откри дека веќе договорениот трансфер на Килијан Мбапе во шпанскиот и европски шампион пропаднал во последен момент. Наместо тоа, еден од најдобрите напаѓачи во светот избра да го продолжи договорот со ПСЖ со огромна плата и „фараонски“ овластувања.


Перез сега ги изнесе деталите за преговорите кои на крајот не ги исполнија очекувањата на сите фанови на Реал Мадрид.

„Сонот на Мбапе беше да игра за Реал Мадрид и тој ми го кажа тоа многупати. Очајно сакаше да дојде кај нас уште во август минатата година, постојано ми велеше дека сака да игра само за Реал, а потоа, пред 15 дена, се наеднаш се смени, мислам дека тоа беше поради незамисливиот политички притисок под кој беше Мбапе. Претседателот на Франција и градоначалникот на Париз почнале да го „тероризираат“ и му рекле да не ги напушта Париз и Франција. Не можам ни да замислам дека кралот на Шпанија би направил нешто такво со играч на Бетис, на пример. Освен политички притисок, својот дел го одработи и финансискиот, кој дојде од Катар. ПСЖ му понуди на Мбапе неверојатни услови. И според платата и тоа што со потпишување на нов договор со тој клуб практично стана негов спортски директор. Тоа е некомпатибилно со авторитетот и работата на играчот“, изјави Перез.

Сепак, Перез открива дека во тоа време не било сè завршено меѓу Мбапе и Реал, но тоа било кога поставил нови услови.

„Тој рече дека нема да учествува во активности за спонзорите на Реал кои не се негови приватни спонзори. Тоа ме шокираше затоа што никој во историјата на овој клуб никогаш не го побарал и не би го добил. Слушав што бараше и си помислив – Ова не е мојот Мбапе…“, потенцираше Флорентино Перез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови