
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го поздрави најновото засилување на клубот, 18-годишниот турски талент Арда Ѓулер, кој денеска беше официјално претставен како играч на „кралевите“ на специјална церемонија во Валдебебас. Младиот играч за врска ќе го носи дресот со број „24“.
„Секогаш кога ќе пристигне нов играч, тој им дава посебна радост на милионите поддржувачи на Мадрид. Сега ја зајакнуваме нашата сегашност и иднина. Овој тим го прави еден од најважните шампионски циклуси во нашата историја и тоа е благодарение на нашите играчи и легенди. Младите кои растат покрај легендите и го покажуваат својот потенцијал. Некои дури веќе го освоија секој можен трофеј. Денеска пристигнува уште еден од овие млади луѓе. Со огромен талент и логично посакуван од гигантите на европскиот фудбал. Добредојде, Арда Ѓулер, во клубот со 14 европски трофеи“, изјави Флорентино Перез.
Арда Ѓулер е восхитен што ќе го носи дресот на Реал Мадрид.
„Пред сѐ, му благодарам на моето семејство и на клубот. Исто така, сакам да бидам легенда на Реал Мадрид и ви благодарам за можноста да бидам дел од овој клуб“, изјави Арда Ѓулер.
👕 @10ardaguler 👕#WelcomeArda pic.twitter.com/SUBjH5w0aU
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) July 7, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
