Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не е целосно убеден во способностите на напаѓачот Винисиус Жуниор и е подготвен да го продаде на лето, пишува каталонското издание „Спорт“.
Медиумот вели дека Перез (76) го смета Килијан Мбапе за најдоброто лево крило во светот, а Винисуис Жуниор веднаш зад него како втор најквалитетен на таа позиција. Покрај тоа, Перез не е импресиониран од однесувањето на Бразилецот, кој постојано е вовлечен во скандали на теренот.
Реал Мадрид веќе долго време е насочен кон Мбапе. Преселбата на Французинот во Мадрид може да се случи уште ова лето кога ќе му истече договорот со Пари Сен Жермен. Најавите во европскиот печат дури го сметаат за сигурен трансферот на Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“.
Евентуалната продажба на Винисиус Жуниор на лето ќе му овозможи на Реал Мадрид полесно да го апсорбира трансферот на Мбапе, чија плата сигурно би била највисока во клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













