
Претстојниот натпревар против Шпанија има тежина на финале, изјави германскиот селектор Ханси Флик пред натпреварот од групата Е на Мундијалот. Двата тима се среќаваат утре во 20 часот, а Бундес – тимот може да биде елиминиран доколку загуби.
„Последните два турнири не беа добри за нас. Мораме да бидеме сконцентрирани бидејќи ова е наше прво финале на тековното Светско првенство“, изјави Флик.
„Нема да го промениме нашиот стил на игра. Мораме да играме 100 проценти и да не му оставаме на противникот отворен простор како што направивме против Јапонија. Поразот во претходниот натпревар беше исклучително горчлив бидејќи можевме да го избегнеме. Верувам во овој тим и знам дека ќе излезе самоуверен на теренот“, оптимист е Флик.
Тој не ја отфрли опцијата да ја смени фрмацијата и да започне во средниот ред истовремено со Кимих, Горецка и со Гундоган.
Крилниот напаѓач Лерој Сане се уште ја лекува малата повреда и е под знак прашалник за натпреварот.
„Ќе го чекаме последниот тренинг и потоа ќе одлучиме за Сане. Нашиот лекарски тим заврши многу добра работа и треба да видиме како се чувствува на тренинзите“, додаде Ханси Флик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак
