
Бразилскиот гигант Фламенго се обидува да го ангажира поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал. Французинот моментно е слободен играч и клубот од Рио де Жанеиро сака да го искористи и да го земе бесплатно.
„Фламенго се поврзува со поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал. Тој е една од главните опции да го замени Педро, кој има скинати вкрстени лигаменти“, откри гуруто за трансфери, Фабрицио Романо.
28-годишниот напаѓач има понуди и од Лил и АЕК Атин). Засега, сепак, се уште нема донесено конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Последните девет години од кариерата Марсијал ги помина во Манчестер Јунајтед каде забележа 317 настапи, 90 голови и 47 асистенции. Тој имаше и краток период на позајмица во Севилја. Покрај тоа, напаѓачот е и поранешен француски репрезентативец со 30 натпревари и два гола за „петлите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal