
Најтрофејниот македонски клуб Вардар и во следната сезона ќе биде второлигаш откако не успеа во намерата да се врати експресно во елитата. Од клубот најавуваат подобри денови, пред се реструктурирање во раководството и зајакнување на финансиската ситуација.
Во соопштението на ФК Вардар, се вели…
„По завршувањето на оваа сезона и по неуспехот да се оствари главната зацртана цел со должна почит кон сите наши симпатизери време е за да ги резимираме работите.
Фудбалскиот клуб Вардар на почетокот на оваа сезона ги преживуваше најтешките мигови во својата 75-годишна историја.
Вардар не е обичен клуб. Вардар е иконата на македонскиот спорт и за сите што себеси се идентификуваат со Македонија и со најдоброто од Македонија на фудбалски план.
Изминатава сезона беше турбулентна, со лоши и добри моменти за кои што секако делумна вина постои и кај нас во управата.
Но, ние го гледаме Вардар како долгорочен проект за враќање на стариот сјај и тоа е процес кој што неможе да се реализира преку ноќ иако притисокот од сите е голем соодветно за името кое што го носиме.
Сега следи период на анализа, по кој што во блиска иднина ќе излеземе со комплетно нова организациска поставеност и структура на управниот одбор за управување со клубот како и зајакнување на финансиското работење и зголемување на буџетот.
Најавуваме и враќање на стариот сјај на познатата вардарова школа за млади играчи, кои што во иднина ќе бидат столбот на нашиот клуб.
Вардар ќе се врати посилен како никогаш во тоа бидете сигурни. Ќе застане повторно на нозе спортската и фудбалска гордост на Македонија и ќе имаат одново причини за радост и за славење сите симпатизери и навивачи.
Секогаш и секаде со Вардар!“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
