На подготовки во Раденци, Словенија, фудбалерите на Вардар не само што се фокусирани на настапот во квалификациите за Конференциската лига, туку добија и силен мотив за претстојната сезона. Раководството на најтрофејниот македонски клуб утрово на состанок ги утврди премиите за резултати во сезоната 2025/26.
„На утринскиот состанок во Раденци, кој се одржа меѓу извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, и шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски заедно со капитените Закариќ и Омерагиќ, беше договорено: премијата за освојување на шампионската титула во Првата лига ќе изнесува 250.000 евра,“ се наведува во соопштението на клубот.
Доколку Вардар успее да ја освои двојната круна – и првенството и Купот – премијата за играчите и стручниот штаб ќе изнесува вкупно 350.000 евра. Дополнително, евентуалната елиминација на противникот од Сан Марино во првото коло од Конференциската лига ќе им донесе 50.000 евра бонус.
Вардар очекува со оваа мотивација да влезе силно во сезоната, со јасна цел – враќање на тронот во македонскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













