Актуелниот фудбалски првак Шкендија упати реакција до јавноста за случувањата на вчерашниот дерби натпревар против Вардар, кој заврши 2-2. Тетовскиот клуб се жали на одредени судиски одлуки кои го одредиле текот на натпреварот. Во соопштението на Шкендија, меѓудругото се вели:
ФК Шкендија преку ова соопштение за јавноста сака да потенцира за одредени неправилности кои се случуваа на мечот меѓу Вардар и Шкендија и ќе бидат испратени и до раководните луѓе во Фудбалската федерација на Македонија. Оваа реакција нема врска со расизмот и национализмот кои постојано се изразени на мечевите против Вардар на нивниот терен, а не се соодветно казнети од организаторот на натпреварувањето.
Нашите поплаки се за тенденциозното судење на натпреварот, за што ќе бидат доставени и соодветни видео – материјали до институциите во ФФМ.
Серијата на одлуки кои беа на штета на нашиот клуб почна во 13.минута, кога по центаршутот на Алими, играше со рака дефанзивецот на Вардар, Младеновски, а Ставрев досуди офсајд позиција.
Во 28.минута, Ставрев досуди пенал за Вардар, по стартот на нашиот играч Мурати над Цветановски, а јасно се гледа дека нема никаков контакт.
Во 35.минута, кога Шкендија дојде до израмнување, домашниот голман Гачевски без топка го удира нашиот играч Жуниор пред очите на судијата Ставрев, а тој не додели ниту жолт картон, иако реална сакнција би бил црвен картон.
Следниот случај е во 36.минута, кога Бесарт Ибраими беше соборен од Серафимов од Вардар во шеснаесетникот, а за сдијата тоа беше чист старт, и наместо пенал му додели жолт картон на Ибраими.
Во 50.минута, Шкендија постигна гол преку Агим Ибраими и истиот не беше признат поради наводна офсајд позиција, а видео-снимката покажува нешто сосема поинаку.
Во некои ситуации, одлуките на судиите комплетно го насочуваат натпреварот. Шкендија не сака да се жали, тоа не е дел од клупските начела, но едноставно мора да ги заштити вложените финансиски средства кои мора да се сложиме сите дека се убедливо најмногу во целиот македонски фудбал.
Се надеваме дека оваа жалба ќе биде мотив за судиите во иднина да ги надминат своите лимити и да продолжат да ја делат правдата според фудбалските правила, а ФФМ да го води фудбалот кон европските перспективи и да го заштити од ниското ниво на однесување „ала Гачевски“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski