
Македонскиот прволигаш Победа испрати соопштение до јавноста со реакција за пристрасно судење на Димитар Пилешков на денешниот меч против ФК Скопје.
Во соопштението на Победа, се вели…
По завршувањето на денешниот натпревар од шестото коло на Првата лига со ФК Скопје на стадионот „Железарница“, ФК Победа сака да ја информира македонската фудбалска јавност за скандалозното судење на штипскиот судија Димитар Пилешков и неговата евидентна наклонетост кон домашниот тим.
Тоа го поткрепуваме со факти во следните ситуации:
Недоделен директен црвен картон за домашен фудбалер во 31-тата минута кога нашиот играч Амасихоху изглегуваше сам очи в очи пред домашниот голман а беше фаулиран и спречен да постигне погодок.
Недосудена опасна игра од страна на Мациновиќ кој појде со високо крената нога во дуел со нашиот голман Тофилоски во 34-тата минута поради што беше попречен во сигурната интервенција, а во продолжение на акцијата домаќините по овозможувањето играта да продолжи од страна на Пилешков го постигнаа единствениот гол.
Во 65-тата минута поништен регуларен гол на Галевски за израмнување на резултатот на 1-1. По неговиот удар со глава домашниот голман ја извади топката со интервенција со рака од зад гол-линијата.
Недоделен втор жолт односно црвен картон за домашниот играч со број 22 кој во 67-та минута без топка го удри нашиот играч Симуновиќ нанесувајќи му сериозна повреда поради која беше заменет.
ФК Победа го крева гласот по ваквото пристрасно судење и бара од органите на ФФМ најсериозно да го анализираат пристрасното денешно судење на Пилешков и неговата арбитража како 12-ти играч на ФК Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
