
Македонскиот прволигаш Пелистер официјално ја стартуваше најавената реорганизација во клубот. Првиот чекор е направен – Марјан Секуловски е новиот координатор на младинската школа, наследувајќи го досегашниот Златко Цветановски.
Станува збор за добро познато лице на „зелените“ – поранешен играч и тренер на Пелистер, човек кој низ годините се истакнал со сериозен пристап, дисциплина и резултати. Секуловски има искуство и од Првата лига и од меѓународни ангажмани, а сега ќе има задача целосно да ја реконструира школата и да постави нови стандарди во развојот на младите фудбалери.
Ова е само почеток, од Битола велат дека во следните денови ќе бидат објавени и други важни одлуки. Раководството на Пелистер веќе донесе значајни промени во менаџментот и управувањето, а наскоро преку официјална прес-конференција ќе ги сподели следните чекори.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
