Македонскиот прволигаш Шкендија се засили со 21-годишниот напаѓач Фитон Адеми, кој всушност се врати во својот поранешен клуб и потпиша 2,5-годишен договор со „црвено-црните“.
Фитон Адеми потекнува од младинската академија на Шкендија, потоа беше дел од Струга ТЛ, Воска и Беса, а одличната полусезона во Втората лига беше повод раководните луѓе на Шкендија да одлучат да го вратат во тетовскиот клуб.
„Со гордост се враќам во Шкендија, потпишувајќи професионален договор со клубот во кој почнав и пораснав. Ова е доказ дека за младите фудбалери од фудбалската школа на Шкендија ништо не е недостижно“, изјави Фитон Адеми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













