
Есенскиот првак Шкупи се раздели со левиот бек Фисник Зука. Како што информира клубот од Чаир, на барање на фудбалерот е постигнат спогодбен раскин на договорот.
„По завршувањето на првата полусезона од Првата фудбалска лига, со желба и барање на играчот, Шкупи ја раскинува соработката со дефанзивецот Фисник Зука, му се заблагодарува за придонесот во нашиот тим и му посакува здравје и многу успеси во кариерата“, се вели во соопштението на Шкупи.
Фисник Зука претходно играше за Работнички, а минатото лето се врати на Чаир. Сега повторно ќе бара нов предизвик.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
