
Фиорентина активно бара нов напаѓач за јануари, а на врвот на нивниот список се наоѓа Доминик Калверт-Луин од Евертон. Според „Калчомеркато“, клубот од „Артемио Франки“ бара алтернатива за Моисе Кин, кој има одлична сезона со 10 постигнати гола, но често му недостига поддршка од соиграчите во нападот. Затоа раководството планира да донесе уште еден напаѓач, со фокус на 27-годишниот Англичанец.
Договорот на Калверт-Луин со Евертон истекува на крајот на сезоната, што го прави привлечен на трансфер-пазарот. Неговата цена не би била висока, бидејќи „карамелите“ ќе бидат под притисок да го продадат за да избегнат да го загубат без надомест следното лето.
Калверт-Луин е дел од „Гудисон Парк“ од 2016 година и долго време беше главен стрелец на тимот, но повредите значително го намалија неговото ниво на игра. Од почетокот на сезоната тој има само два гола, а последниот го постигна во септември.
Претходно, Калверт-Луин беше поврзуван со Јувентус и Милан, но нивниот интерес се намали. Фиорентина во моментот е во водство пред конкурентите, но доколку не успее да го ангажира Англичанецот, клубот има резервни опции како Милан Ѓуриќ од Монца и Кристијан Шпенди од Чезена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
