Италијанскиот калчолигаш Фиорентина имаше разочарувачка сезона во Серија А и раководството на клубот се одлучи да сврти нов лист. Се заблагодари на досегашниот тренер Џузепе Јакини, како и на неговиот претходник Чезаре Прандели, кои работеа изминатата сезона и најави дека многу брзо ќе именува нов шеф на стручниот штаб.
Повеќе од јасно е дека Џенаро Гатузо доаѓа на клупата на „виолетовите“ од Фиренца. Тој од утрово исто така е „невработен“, со оглед дека Наполи му се заблагодари на соработката по неуспехот да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. „Наполитанците“ одиграа само 1-1 на домашен терен против Верона и пропуштија огромна шанса да бидат дел од европската елита следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













