Connect with us

Фиорентина победи од пенал во 103.минута на збогувањето на Раниери во Калјари (ВИДЕО)

Инфарт – победа (2-3) оствари Фиорентина на гостувањето кај Калјари на збогувањето на Клаудио Раниери со домашната публика. „Виолетовите“ победија со гол од пенал постигнат во 103.минута што го реализираше Артур Мело. Со овој триумф Фиорентина избори и пласман во Европа за следната сезона.

Калјари имаше водство до 89.минута, кога Нико Гонзалес го израмни резултатот, а во долгото судиско продолжение гостите дојдоа и до триумф.

Фиорентина поведе во 39.минута со голот на Џакомо Бонавентура, а потоа Калјари постигна два гола преку Алесандро Деиола и Кингстон Мутандва. Сепак, на крајот Фиорентина ги освои трите бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови