На Фиорентина и на нејзиниот најдобар стрелец Душан Влаховиќ им треба помош во офанзивната линија на тимот. Италијанскиот клуб размислуваше во таа насока и го договори првото големо засилување за зимскиот преоден рок.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „виола“ се договори за трансфер на францускиот крилен напаѓач Џонатан Иконе од Лил. Висината на обештетувањето е 15 милиони евра, а клубот од северот на Франција ќе добие 10% од следната продажба на Иконе.
Повремениот француски репрезентативец ќе потпише договор до летото 2026 година.
Иконе игра на позицијата десно крило и ќе биде замена за Шпанецот Каљехон, кој сезонава на 20 натпревари постигна еден гол и забележа три асистенции.
Тој дојде во Лил пред три и пол години од Пари Сен Жермен за 5 милиони евра и набрзо стана еден од клучните играчи во тимот. Минатата сезона тој имаше една од клучните улоги во освојувањето на шампионската титула со четири гола и пет асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













