
Италијанскиот калчолигаш Интер објави соопштение во кое наведува дека соработува со финансиската полиција, но посочува дека ниту еден работник не е под истрага.
Финансиската полиција влезе во канцелариите на миланскиот клуб барајќи докази во врска со истрагата за одредени трансфери и за наводна проневера на пари.
„Можеме да потврдиме дека клубот ги достави бараните документи кои се однесуваат на продажба на одредени играчи во сезоните 2017/18 и 2018/19.
Барањето е поднесено од Јавното обвинителство на Милано, со цел да се провери дали капиталната добивка е уредно евидентирана. Финансиските извештаи на клубот се изготвени во согласност со најригорозните сметководствени принципи.
Ниту еден вработен во Интер не е под истрага. Не се покренати обвиненија. Според соопштението на јавното обвинителство, се работи за предистражна постапка“, се наведува во соопштението на Интер.
Ова е продолжение на истрагата во Италија, а претходно финансиската полиција ја „проверуваше“ документацијата на Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
