
Српскиот интернационалец Филип Костиќ е на чекор до потпис за Јувентус. Тој ги договорил личните услови со Јувентус и дека тоа нема да претставува никаков проблем. Костиќ ќе има договор на три години, плата од 2,5 милиони евра по сезона со дополнителни бонуси.
Останува клубовите да ги разјаснат деталите. Договорено е обештетување од 15 милиони евра, а Ајнтрахт сака и бонуси согласно игрите и учинокот на Костиќ во новиот клуб. За тоа би требало да инкасира дополнителни 5 милиони евра.
Костиќ имаше понуда и од Вест Хем на маса, но и повеќе пари за да остане во Ајнтрахт. Сепак, неговата желба е да оди во Јувентус.
Според информациите, трансферот на Филип Костиќ би можел да биде комплетиран во текот на викендот, една недела пред почетокот на Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
