Офанзивецот на Манчестер Сити, Фил Фоден, времено го напушти кампот на англиската репрезентација во Германија, соопштија медиумите на Островот. Тој се врати во Обединетото Кралство поради итни семејни проблеми, што подоцна беше потврдено и од Фудбалската асоцијација на Англија.
Фоден беше стартер во сите три натпревари на Англија досега на ЕВРО 2024, но не импресионираше со своите настапи и беше заменет на мечевите против Словенија и Данска.
Се очекува фудбалерот да се врати кај своите соиграчи во наредните денови.
Англија го освои првото место во групата Ц со пет бода и само два постигнати гола, а денеска ќе го дознае противникот за осминафиналето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













