Легендарниот Луис Фиго коментираше за фудбалерите кои во последно време се жалат дека играат премногу натпревари и дека им е потребно повеќе време за одмор. Играчот на Манчестер Сити, Родри, дури изјави дека штрајкот не е далеку.
Најавата на Шпанецот дека фудбалерите треба да штрајкуваат поради зголемениот број натпревари и најавеното продолжување на сезоната до јули би можела сериозно да го потресе фудбалскиот свет.
„Ова секогаш е комплицирана тема за дискусија. Играчите имаат договор со клубовите, а наша задача е да најдеме најдобро решение. Логично е дека има сè повеќе натпревари, тоа е како снежна топка која се тркала надолу. Колку повеќе натпревари, толку поголеми договори. Ако се намали бројот на натпревари, мора и платите да бидат помали. Затоа е потребно да се најде баланс, но тоа е многу тешко“, рече Фиго.
Зборовита на Родри одекнаа силно, најавувајќи револуција и голем штрајк на фудбалерите.
„Близу сме до штрајк. Лесно е да се разбере зошто. Прашајте било кој играч, ќе ви каже исто. Ако продолжи вака, ќе дојдеме до точка кога едноставно нема да имаме избор. Тоа е нешто што нè загрижува. Ова е премногу. Некој мора да се погрижи за нас, бидејќи ние сме главните фигури во овој спорт, бизнис, како и да го наречете. Не е сè во парите или маркетингот. Важен е и квалитетот на претставата“, изјави Родри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













