Светската фудбалска централа (ФИФА) започна истрага за нередите за време на квалификациите за СП 2026 меѓу Бразил и Аргентина на стадионот „Маракана“. Почетокот на натпреварот беше одложен речиси половина час откако на трибините дојде до судири меѓу полицијата и навивачите на „гаучосите“.
По натпреварот, Лионел Меси ги критикуваше постапките на локалната полиција, која си зеде слобода да претепа аргентински навивачи.
Немирите започнаа за време на интонирањето на националните химни на двете земји. По тензиите меѓу полицијата и навивачите, гостинските симпатизери почнаа да ги гаѓаат органите на редот со искршени седишта.
Играчите на двата тима мораа да ги смират страстите, но многу луѓе настрадаа сериозно.
„ФИФА потврдува дека Дисциплинската комисија отвори постапка против Бразилската и Аргентинската фудбалска асоцијација“, соопшти Светската фудбалска организација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













