
ФИФА го објави списокот од 36 судии кои ќе ги водат натпреварите на Светското првенство во Катар. Иновативната одлука е дека за првпат во историјата не една, туку три дами ќе добијат шанса како главни судии, а уште три ќе бидат во улога на судии-асистенти.
Очекувано, една од избраните судијки е Французинката Стефани Фрапар, која стана првата жена во историјата која судеше на натпревар од квалификациите за Светското првенство за мажи. Таа е веќе добро позната откако го водеше натпреварот од Суперкупот на УЕФА помеѓу Ливерпул и Челси во 2019 година, а во 2020 година стана првата дама што водеше натпревар во Лигата на шампионите за мажи. Тоа беше мечот меѓу Јувентус и Динамо Киев.
Другите две судијки за Светското првенство се Салима Мукансанга од Руанда и Јапонката Јошима Јамашита.
За турнирот на Светското првенство, ФИФА избра вкупно 36 судии, 69 асистенти и 24 видео помошници.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
