
ФИФА отвори официјална истрага за настаните на „Маракана“ пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година меѓу Бразил и Аргентина.
Поконкретно, ФИФА ќе ги истражи нападите на бразилската полиција врз гостинските навивачи, во кои неколкумина беа повредени.
Аргентина го победи Бразил во Рио де Жанеиро со 0-1 со голот на Николас Отаменди, нанесувајќи му го третиот последователен пораз во квалификациите, прв во историјата на домашен терен, а почетокот на натпреварот доцнеше половина час поради судири меѓу навивачите и полицијата на трибините.
Додека ситуацијата на трибините не беше ставена под контрола, Лионел Меси го повлече тимот во соблекувалната, а голманот Емилијано Мартинез сам се обиде да ги спречи бразилските полицајци.
Бразил игра многу слабо во овие квалификации, но среќа е што Јужна Америка поради проширувањето на Мундијалот сега има шест директни места и едно во интерконтиненталниот плејоф. Да останеше стариот формат, во кој Јужна Америка имаше 4+1, Бразил веќе ќе беше во големи проблеми.
Сепак, познатиот бразилски „Глобо“ пишува дека ФИФА можеби ќе одлучи да ја казни нивната Федерација (ЦБФ) по истрагата. Можна е парична казна или играње пред празни трибини, па дури и одземање на бодови.
За Бразил, кој сега е на шестото место, последното директно кое води на Светското првенство, тоа би било огромен удар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Барселона ќе го суспендира Тер Штеген?
