Connect with us

ФИФА го претстави логото за СП 2026, а фановите го нарекоа – фијаско

ФИФА на церемонија во Лос Анџелес го претстави логото за Мундијалот во 2026 година.

Светското првенство, 23. по ред, ќе се одржи во 16 градови низ Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а на натпреварувањето за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации.


На церемонијата присуствуваа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и поранешниот бразилски фудбалер Роналдо, кој со репрезентацијата на Јужна Америка освои две светски шампионски титули.


Сепак, ФИФА доби многу критики за изгледот на логото, кое љубителите на фудбалот го нарекоа „најлошото во историјата“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови