Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави номинациите за фудбалер на годината.
Конкуренцијата е навистина жестока, а номинираните фудбалери се избрани врз основа на нивните настапи во периодот од 21.8.2023 до 10.8.2024 година.
Осумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси, повторно е меѓу фаворитите за ова признание. Тој оствари огромен успех со репрезентацијата на Аргентина, освојувајќи ја титулата на Копа Америка вторпат по ред. На клупско ниво, Меси беше дел од големиот напредок на Интер Мајами, кој триумфираше во Источната конференција на МЛС – лигата.
Тука е и Родриго Хернандес – Родри, кој пред малку повеќе од еден месец ја освои „Златната топка“ по триумфот со репрезентацијата на Шпанија на Европското првенство 2024.
По Родри следува и неговиот „најголем ривал“ од „Златната топка“, Винисиус јуниор. Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус ја освои Лигата на шампионите и до самиот крај беше фаворит за признанието на „Франс Фудбал“ и „Екип“. Сепак, дојде до пресврт кој предизвика скандал.
Меѓу номинираните е и Тони Крос, кој ја заврши својата славна кариера на само 34 години. Тој ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид, а со репрезентацијата на Германија стигна до четвртфиналето на ЕВРО 2024.
Други значајни имиња во списокот се Килијан Мбапе, кој направи трансфер во Реал Мадрид како слободен агент, и играчи како Џуд Белингам (Реал Мадрид), Даниел Карвахал (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер сити), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен) и Ламин Јамал (Барселона).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal