Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со континуираната поддршка на женските клубови во системот на натпреварување на ФФМ. Во рамки на програмата за поддршка на нашиот женски фудбал, денеска се реализираше донација на опрема и фудбалски топки за 23 клуба кои активно се натпреваруваат во сите возрасни категории.
Секој клуб доби комплет опрема за тренинг (маици, шорцеви и комплет тренерки), како и по десет фудбалски топки, со што Федерацијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон подобрување на условите за работа на младите фудбалерки.

Генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, истакна дека оваа активност е дел од поширока стратегија за развој и поддршка на женскиот фудбал.
„Континуирано вложуваме во инфраструктурата, едукацијата и опремата на клубовите кои работат со македонскиот фудбал. Нашата цел е секоја девојка во Македонија која сака да тренира фудбал да има еднакви услови, квалитетна опрема и поддршка од ФФМ. Веруваме дека ваквите проекти придонесуваат за стабилен и одржлив раст на женскиот фудбал.“

ФФМ и во иднина ќе продолжи со активности и проекти насочени кон поддршка на клубовите, тренерите и фудбалерките, како дел од заложбите за создавање поквалитетна и конкурентна женска фудбалска лига.





-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













