Connect with us

ФФМ пред стартот на Првата лига: „Фудбалот нека биде на прво место“

Фудбалската федерација на Македонија порача дека „фудбалот треба да биде прво место“, во сезоната што почнува денеска во Првата македонска лига. Интенцијата е да се подигне нивото на натпреварувањето и да се зајакне фудбалската култура, а нека победи најдобриот.

Во новата сезона ќе има ВАР – систем, а сите натпревари ќе бидат пренесувани на ТВ екраните.

„Во пресрет на почетокот на новата сезона во Прва МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им посакува многу успех на сите клубови, тренери, фудбалери и спортски работници кои секојдневно вложуваат во напредок на нашиот фудбал.

Очекуваме возбудлива, фер и квалитетна сезона која ќе донесе позитивни моменти, на теренот, но и надвор од него. Сите заедно имаме обврска да го подигнеме нивото на натпреварување, да ја зајакнеме фудбалската култура и да бидеме вистински пример за младите генерации.

ФФМ останува силен партнер на клубовите и ќе продолжи со посветена работа на обезбедување подобри услови, развој на инфраструктурата и транспарентно водење на натпреварувањето.

Се радуваме што заеднички го отвораме новото поглавје за македонскиот клупски фудбал. Фудбалот на прво место!“, порачаа од ФФМ.

Фото: ФФМ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови