Connect with us

ФФМ почна изградба на терен со вештачка трева на комплексот на Академија Пандев

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Hat Trick III“ програмата за подобрување на фудбалска инфраструктура започна со изградба на терен со вештачка трева од најновите типови за ФК Академија Пандев. ФФМ претходно потпиша договор со Општина Струмица и ФК Академија Пандев за целосна изградба на терен со вештачка трева, како дел од фудбалскиот комплекс во градот Струмица.

„Сите ние сме исклучително благодарни за посветеноста на Горан Пандев кон македонскиот фудбал, како и неговото вложување во младите таленти, академијата и придонесот во развојот на нашиот фудбал. Изградбата на терен со вештачка трева за потребите на Академија Пандев е еден вид признание од соработниците и институцијата која го води нашиот фудбал кон тоа што Горан и Академија Пандев инфарструктурно го изградија во Струмица. Инвестициите од овој тип се клучни за развојот на фудбалот, а ние во Фудбалската федерација на Македонија сме подготвени позитивните искуства да ги претвориме во долгорочна соработка со сите поврзани субјекти, во правец на создавање на услови за развој на фудбалот, почнувајќи од најмладите  категории, па сѐ до професионалниот фудбал“, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

По потпишувањето на договорот благодарност искажаа и од Академија Пандев кои нагласуваат дека оваа поддршка за подобрување на инфраструктурата дополнително значи за развој на младите фудбалски категории во тој регион.

„Благодарност до Фудбалска федерација на Македонија што му оддава признание на искрените намери и огромниот влог што Горан Пандев го дава на македонскиот клубски и репрезентативен фудбал. Огромна благодарност и на Општина Струмица која го препозна и се вклучи како партнер за реализација на овој проект, се со цел развој на фудбалската инфраструктура во Струмица. Потпишаниот трипартитен договор помеѓу Академија Пандев, ФФМ и Општина Струмица значеше и почеток на изградбата на најмодерен терен со вештачка трева. Академија Пандев продолжува со посветена работа во младите категории и нивен развој се до сениори, а со тоа секако придобивки има и македонскиот фудбал во чии репрезентации имаме преку 20 активни репрезентативци во сите категории и Академија Пандев со убедливо најмлад сениорски тим во ПМФЛ оваа сезона“ – се вели во соопштението од Академија Пандев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови