
За да биде гарантирана безбедноста со оглед дека имало најава за присуство на претставници на две навивачки групи, натпреварувачката комисија на ФФМ решила бараж дуелот за палсман во Првата лига меѓу Воска и Тиквеш наместо во Прилеп да биде одигран на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Ова е објаснувањето за промената на локацијата на овој дуел што предизвика бурни реакции и во јавноста и кај Тиквеш.
Соопштението од Комисијата за натпреварување на ФФМ ви го пренесуваме во целост:
Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го одреди стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп за домаќин на бараж натпреварот за Прва МФЛ меѓу екипите на Тиквеш и Воска.
Имајќи в предвид дека на почетокот на следниот месец, македонската А репрезентација ја очекуваат два натпревари од Лига на нации на домашен терен на Националната арена „Тодор Проески“, намерата на Фудбалската федерација на Македонија беше бараж натпреварите да се одиграат на други стадиони, првенствено за да се заштити теренот на арената „Тодор Проески“ за репрезентативните мечеви, а дополнително што на 20. мај на нашиот најголем стадион ќе се одигра и финалето од Купот на Македонија.
По извлекувањето на паровите за бараж натпреварите и одредените места за одигрување, Комисијата за натпреварување после одржаниот состанок со Комисијата за безбедност, сепак одлучи (пропозициите тоа го дозволуваат) мечот Воска – Тиквеш да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“.
Единствена причина за промената на местото на одигрување на натпреварот се пристигнатите информации до Комисијата за безбедност на ФФМ за присуство на голем број навивачи на двете екипи и можноста да се гарантира безбедноста на повеќе илјадната публика на стадионот во Прилеп.
ФФМ преку Комисијата за безбедност прати официјален допис до Министерството за внатрешни работи (МВР) со барање насоки и напатствија во делот на преземање на безбедносни мерки за да се одиграат двата бараж меча на првично утврдените места за одигрување, односно Тиквеш – Воска во Прилеп и Скопје – Беласица во Штип.
Фудбалската федерација на Македонија ќе постапи соодветно во зависност од одговорот и упатствата на МВР.
Уверени сме дека само со строго и доследно применување на прописите и почитувањето на превентивните мерки од надлежните институции и тела може да се гарантира вистински спортски спектакл .
Мерките за безбедност на натпреварите постојат со причина и очекуваме од клубовите да бидат сојузници во спроведувањето на истите.
Полните трибини без инциденти, без непримерно однесување и нереди, без национализам и дискриминација, се клучни цели на сите учесници во македонскиот фудбал, од Фудбалската федерација на Македонија и клубовите преку навивачките групи, јавноста и медиумите до државните институции во целина.
За ФФМ, дијалогот и комуникација е единствен пат за квалитетен однос со клубовите и институциите и на тоа ќе инсистираме и во иднина.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Селтик ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Миовски?

Евро-фудбал
Артета доби суспензија поради радоста со Лутон

Евро-фудбал
Долга пауза за дефанзивец на Баер Леверкузен

Интернационалци
Селтик ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Миовски?

Евро-фудбал
Артета доби суспензија поради радоста со Лутон

Евро-фудбал
Хавиер Тебас останува прв човек на Ла Лига

Евро-фудбал
Рома со пресврт до триумф против Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тотенхем остана непоразен на „Итихад“ (ВИДЕО)
