
Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Словенија со 2-1 во квалификациите за ЕУРО 2020. и со дополнителен мотив за позитивен резултат патува за Варшава на дуел со силната Полска. Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини го изрази своето задоволство од остварените резултати, истакнувајќи дека посакува оваа приказна да продолжи. Управниот одбор на ФФМ одлучи да се исплати премија за репрезентативците во износ од 100.000 илијади евра, парична награда која беше предвидена за постигнатиот резултат.
„Уживаме во прекрасни фудбалски денови и посакуваме тоа да продолжи. Македонскиот фудбал по триумфот против Словенија доби уште една причина за радост, но сакам да им порачам на фудбалерите и навивачите да останеме скромни и смирени. Убаво е да се видат полни трибини на Националната арена и нашата репрезентација на сите насловни страни, тоа ја покажува моќта на фудбалот. Како раководство на Фудбалската федерација на Македонија ветивме премија за репрезентацијата и ќе исплатиме сума од 100.000 илјади евра како награда за трудот и резултатите. Честитки и посакувам да ја продолжиме оваа убава приказна, да ја задржиме позитивната енергија и да бидеме уште подобри“, изјави Муамед Сејдини за официјалниот сајт на федерацијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
