Одделението за лиценцирање и одделот за женски фудбал во Фудбалската федерација на Македонија одржаа работен состанок со клубовите од Прва ЖФЛ на тема – Клупско лиценцирање за учество во натпреварувања во организација на УЕФА, како и идно лиценцирање за учество во Прва ЖФЛ. На претставниците на 14. клубови присутни на состанокот во „Куќа на фудбалот“ им беа презентирани минимум критериумите од ФФМ Правилникот за лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварување. Посочените критериуми клубовите кои имаат цел да бидат дел од УЕФА Лига на шампиони – жени во сезона 2020/2021, мора да ги исполнат предвидените критериуми. Исто така, со претставниците на клубовите беше разговарано и за почеток на лиценцирање за учество во Прва ЖФЛ кое ќе започне во декември 2019. година, а ќе се однесува за натпреварувачката сезона 2020/2021.
„Согласно Стратегискиот план на ФФМ во кој е предвидено отпочнување на клупско лиценцирање во женскиот фудбал, а мотивирани од измените и дополувањата на УЕФА Правилникот за лиценцирање на клубови, Одделот за лиценцирање заедно со одделот за женски фудбал го започнуваат овој процес во соработка со клубовите од Прва ЖФЛ. Наша идеја и главна цел во процесот на лиценцирање е подобрување на состојбата на клубовите во женскиот фудбал, посебно во делот на клупска структура и инфраструктура, ангажирање на соодветни лица, стабилност и одржливост на клубовите. Се надеваме дека клубовитењ позитивно ќе одговорат на барањата од Правилникот за лиценцирање и ќе бидат отворени за соработка, а сѐ со цел заеднички да придонесеме за подобар женски фудбал“, изјави Марио Ѓурчиновски, лиценцен менаџер во ФФМ.
По завршувањето на работниот дел од состанокот со претставниците на клубовите од Прва ЖФЛ, Фудбалската федерација на Македонија преку одговорното лице во ФФМ за женски фудбал, Куштрим Љума им донираше опрема (фудбалски топки и реквизити за тренинг) на сите 14 клубови од 1 ЖФЛ. Опрема за тренинг и фудбалски топки примија клубовите: Драгон, Истатов, Тиверија, Тетова 2017, АС Јунајтед, Атлетико, Топ Гол, Љуботен, Саса – Македонска Каменица, Прилеп, Кочани, Борец, Плачковица и Речица.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski