
Бараж-дуелот од Лигата на Нации меѓу Македонија и Косово не само што ќе се игра без публика, туку големи се шансите и да биде презакажан за нов датум, откако од Фудбалската Федерација на Македонија најавија дека ќе поднесат такво барање до УЕФА за да може да се имаат на располагање сите расположливи сили за овој историски натпревар.
Проболем претставува најновата препорака на Владата на РСМА, за задолжителна изолација на сите лица кои доаѓаат од високо ризични подрачја. Конкретно, тројцата македонски фудбалери кои настапуваат во Италија, Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски, би требале да минат 14 дена во карантин за да можат потоа слободно да се движат и да настапат за нашиот национален тим. Со оглед на фактот дека тие се уште се во своите клубови, а дуелот со Косово е закажан за 26 март, невозможно ќе биде да се исполни условот од најновата препорака, за тројцата да му бидат на располагање на стручниот штаб за дуелот со Косово.
Од македонската куќа на фудбалот веќе најавија дека ќе испратат барање до УЕФА, кое се очекува да биде поддржано и од Косово, со оглед на фактот дека и оваа репрезентација има фудбалери од Швајцарија и Италија, кои не би можеле да настапат на мечот во Скопје.
Проблемот не се однесува само на овој, туку и на сите бараж натпревари со оглед на фактот дека препораките најчесто доаѓаат од Светската Здравствена Организација и истите ги применуваат речиси сите европски земји. На потег е УЕФА, да донесе конечна одлука која ќе се однесува не само за мечот Македонија – Косово, туку и за останатите бараж-пресметки од Лигата на Нации, кои треба да ги дадат последните четири патници за ЕП 2020.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal