
Поранешниот капитен на клубот и македонски репрезентативец Ферхан Хасани се враќа во Шкендија. Тој договорил речиси се со раководството на клубот за негов камбек и деновиве треба да биде претставен како ново засилување.
Хасани доаѓа како слободен агент откако го раскина договорот со албанскиот клуб Партизани Тирана и неколку месеци паузираше. Сепак, со добри зимски подготовки сигурно дека ќе биде максимално подготвен за настап во пролетниот дел од сезоната.
Хасани е дете на Шкендија, од каде во 2012 година направи трансфер во Волфсбург, играше за и Брондби, а потоа повторно се врати во Тетово и го носеше дресот на Шкендија три години, од 2015 до 2018 година. Потоа следеше ново заминување во странство, во Ал Рајед и во Хелсинки, а одисејата заврши во Партизани Тирана.
Сега е подготвен за нов камбек во Шкендија…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
