Фудбалскиот клуб Јувентус денеска за нов претседател го назначи Џанлука Ферерo, овластен сметководител, откако Андреа Ањели поднесе оставка на крајот на ноември, под притисок на судската истрага поради можна финансиска измама.
Фереро (60) беше единствениот кандидат избран од „Екор“, холдинг-компанијата на семејството Ањели што го контролира најуспешниот италијански клуб на крајот на ноември минатата година.
Покрај Ањели, тогаш оставки поднесоа и потпретседателот Павел Недвед, како и целиот Управен одбор на клубот.
Новото раководство ќе има задача да ја подобри спортската ситуација во торинскиот тим. Најголем предизвик ќе биде финансиската состојба во клубот кој годинава забележа загуба од повеќе од 200.000.000 евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













