
Трансфер-бомбата за овој преоден рок денеска беше „детонирана“ во Тетово, откако Хуан Фелипе го стави својот потпис на договорот со Шкендија, со важност од „една плус една сезона“. Бразилецот подолго време беше поврзуван со актуелниот првак, конечно ги договори условите за трансфер и пристигнувајќи во Македонија за да му се приклучи на новиот тим.
На официјалната веб-страница на Шкендија беше објавено дека големото засилување ќе му се приклучи на тимот по враќањето од Естонија, каде Шкендија ќе го игра квалификацискиот меч за ЛШ против Номе Калју. Фелипе ќе има право за настап од следната квалификациска рунда, во која тетовци во случај на успех против Номе Калју ќе се сретнат со подобриот од двомечот Селтик – Сараево.
Луис Фелипе дојде во мак-фудбалот од редовите на ЦСКА Москва, откако потпиша за Вардар и веднаш прерасна во еден од најдобрите фудбалери во Првата лига. Тој имаше кратка авантура во Каират, но откако не се снајде најдобро во Казахстан се врати назад во Вардар, од каде летово си заминува како резултат на големата финансиска криза на скопските „црвено-црни“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Проблеми за Милан, се повреди Рафаел Леао
