Connect with us

Федерацијата го реши проблемот со Мбапе околу имиџ-правата

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе учествуваше во фотосесиите на француската репрезентација, пренесува „Л’Екип“. 22-годишниот напаѓач денеска им се придружи на останатите репрезентативци за да учествува во групното фотографирање.


Мбапе вчера се закани дека ќе ја бојкотира фотосесијата со соиграчите од француската репрезентација поради спорот околу користењето на имиџ-правата на играчите.

Федерацијата го реши конфликтот со ревидирање на колективниот договор со играчите за учество во реклами и фотосесии.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови