Ќе недостигаат важни играчи против Грузија и против Бугарија, но младите сили секогаш носат дополнителна свежина. Така, играчот за врска Енис Фазлагиќ верува дека Македонија може и до првото место во групата. За тоа ќе ни биде потребна победа и тоа многу убедлива во Тбилиси, со оглед дека Грузијците во Скопје не победија со 0-3.
„Веруваме дека можеме да стигнеме до првото место во групата. Ќе го дадеме максимумот, квалитет имаме, но треба да се поклопат и други нешта. Не одигравме толку слабо против Грузија во Скопје, туку во еден момент мечот отиде во непосакувана насока, посебно откако го примивме првиот гол. Претходно и ние имавме свои шанси. Но, сега сме фокусирани на мечот што ни доаѓа и се надевам дека можеме до победа во Тбилиси. Ако бидеме конкретни и ако реализацијата ни биде на ниво, можеме да победиме“, изјави Енис Фазлагиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













