
Македонскиот интернационалец Енис Фазлагиќ не успеа со Жилина да го освои Купот на Словачка. Во финалната пресметка тој беше асистент на погодок, но Жилина ја загуби финалната пресметка од Слован Братислава со 2-1 по продолженија.
Фазлагиќ асистираше во 30.минута за погодокот што го постигна Јакуб Кивиор, а Слован Братислава успеа да израмни во 61.минута Езекил Хенти. Финалето влезе во продолженија, а по нив поуспешен беше тимот на Слован Братислава кој славеше со голот на Владимир Вајс во 105.минута од дуелот.
Асистенцијата на Фазлагиќ можете да ја погледнете на следниот линк

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski