Букмејкерите на Островот ги објавија коефициентите за нов менаџер на Њукасл, а фаворит за преземање на клупата на „чавките“ изненадувачки е Лусиен Фавр.
Швајцарскиот стратег не работи од отказот во Борусија Дортмунд, со која двапати беше второпласиран. Ја водеше и Ница, а забележа добри резултати и со Борусија Менхенгладбах. Тој исто така беше тренер на Херта во Германија.
Коефициентот за Фавр да биде нов менаџер на Њукасл е 4.00, додека зад него е Антонио Конте, кој претходно беше споменуван во медиумите како главен кандидат. Коефициентот за Италијанецот е 5.00, но тој потенцираше дека засега не го интересира новиот проект на Њукасл.
Саудискиот конзорциум кој го купи клубот има намера веќе во јануари да вбризга околу 200 милиони евра за нови засилувања.
Трет фаворит за клупата на Њукасл е Роберто Мартинез. Белгискиот селектор би можел да го раскине договорот по неуспехот во Лигата на нации и да се врати во Англија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













