Connect with us

Фановите разочарани: Секси фудбалерката повторно е во врска

Алиша Леман, неофицијално најсекси фудбалерката во светот која е членка на Астон Вила, повторно е во врска. Таа го потврди тоа објавувајќи заеднички фотографии на Инстаграм од новогодишната ноќ.


Како што вообичаено се случува, русокосата убавица од Швајцарија реши да објави сѐ за новогодишната ноќ, што вообичаено се користи за вакви моменти.

Леман ја обнови врската со Даглас Луиз, Бразилецот од машкиот тим на Астон Вила.

„Те сакам“, напиша бразилскиот играч за врска на својата девојка при објавувањето на заедничката фотографија, која сосема очекувано предизвика многу реакции.

Леман и Луиз беа разделени повеќе од една година. Тогаш на Бразилецот му пречеа популарноста и секси објавите на неговата девојка која го остави.

„Даглас беше потполно обземен од Алиша. Кога таа првпат пристигна, тој рече: „Која е оваа девојка?“. Тој брзо ја побара да излезат и тие станаа фудбалска моќна двојка. Но, потоа почнаа да се појавуваат пукнатини во нивната врска.

Кога од неа побарале да направи календар, таа се согласила да ја покаже својата секси страна, но Даглас Луиз не бил среќен. Тој не мислеше дека тоа е нешто што таа треба да го направи. Тие се расправаа многу и на крајот на Алиша само и беше доста, ја прекина врската“, открија извори блиски до двојката за британските таблоиди по нивното раскинување.

Во изминатата година популарноста на Алиша Леман вртоглаво порасна, па само на социјалните мрежи има повеќе од 16 милиони следбеници и на тој начин инкасира огромна сума на пари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови