
Навивачите на Лидс Јунајтед го убедуваат македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски да остане на „Иланд Роуд“ и да потпише нов договор со англискиот премиерлигаш. Тој одигра одличен меч на гости против Фулам откако се врати во првиот тим на Марсело Биелса. Критиките се супер позитивни, а фановите бараат од него да остане во тимот.,
„Потпиши Џани ние те сакаме и сакаме да останеш. Ти си еден од нас и на теренот и надвор него“, му порачуваат фановите на Алиоски.
Македонскиот репрезентативец имаше одлична шанса да постигне и погодок против Фулам, а на крајот беше еден од фудбалерите со најдобра оценка за играта.
Договорот на Езгјан Алиоски со Лидс Јунајтед истекува на крајот од сезоната, а Галатасарај е исто така заинтересиран да го доведе во своите редови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal