Connect with us

Фабрегас ќе потпише за италијанскиот второлигаш Комо

Цеск Фабрегас, светскиот и двоен европски шампион со шпанската репрезентација и играч од средниот ред кој во кариерата настапуваше за Арсенал, Барселона, Челси и Монако, ќе потпише договор со италијанскиот второлигаш Комо.


Фабрегас е слободен играч, во мај го прослави својот 35, роденден, но се уште е желен да игра фудбал. Тој ќе продолжи да игра за Комо, а по играчката кариера во тој клуб треба да ја започне и тренерската кариера.


Фабрегас пристигнува во Комо благодарение на поранешната легенда на Челси и Премиер – лигата, Денис Вајс. Тој сега е претседател на клубот и го убеди Фабрегас да му се придружи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови