Connect with us

Езгодус во Рома по поразот од Бодо: Мурињо сака да продаде 5 фудбалери

Сензационалниот пораз на Рома од 6-1 против Бодо Глимт во четвртокот може да доведе до егзодус на некои играчи кои учествуваа на натпреварот. Предводникот на “волчицата”, Жозе Мурињо, е многу разочаран од пристапот на многу играчи во играта и е незадоволен од недостатокот на посветеност што тие го покажаа.

Борха Мајорал, Гонзало Вилар, Амаду Диавара, Брајан Рејнолдс и Мараш Кумбула се фудбалерите од кои Мурињо најмногу се разочарал, тврди “Кориере дело Спорт”. Мајорал сега би можел да си замине во јануари за да се приклучи на клуб каде ќе добива поголема минутажа, додека пак, Виљар и Диавара се веќе на трансфер пазарот и Мурињо веќе подолго време очекува нивна продажба.

Рејнолдс не е подготвен за првиот тим, па поради тоа, се верува дека Американецот ќе биде позајмен на некој друг клуб во зимскиот преоден рок. Се очекува Кумбула да остане, додека иднината на Рикардо Калафиори исто така е доведена во прашање.

Advertisement

Facebook

Тимови