Селекторот на европскиот шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте, го објави списокот на играчи за претстојните натпревари во Лигата на нации, а стартот е со гостување против Србија на 5. септември во Белград.
Во споредба со шампионскиот тим од Европското првенство, направени се големи промени, па во Србија нема да патуваат Алекс Баена, Фермин Лопез, Хесус Навас, Унаи Симон, Алваро Мората, Начо и Микел Мерино.
На списокот на Де ла Фуенте се следните имиња:
Голмани: Раја, Ремиро, Роберт Санчез
Одбрана: Карвахал, Мингеза, Ле Норман, Вивијан, Лапорт, Пау Торес, Кукуреља, Грималдо
Среден ред: Родри, Зубименди, Пепелу, Фабијан Руиз, Алеиш Гарсија, Олмо, Педри.
Напад: Јамал, Феран Торес, Нико Вилијамс, Јереми Пино, Ојарзабал, Хоселу, Ајозе Перез.
Ова е интересен список со значителни промени, што покажува дека Шпанија се подготвува за иднината и истовремено го одржува квалитетот на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













