
Актуелниот шампион Манчестер Сити продолжи со разочарувачките резултати и на Боксинг Деј, играјќи само 1-1 против Евертон на „Етихад“.
ERLING HAALAND WTF WAS THAT PENALTY ABSOLUTELY EMBARRASSING WE ARE ACTUALLY CURSED pic.twitter.com/AAJKkIVgx6
— DxBruyne (@DxBruyne17) December 26, 2024
Напаѓачот Ерлинг Халанд беше трагичар, бидејќи во 53. минута не успеа да реализира пенал. Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, одлично го одбрани неговиот удар од белата точка.
Сити поведе рано во натпреварот, со погодокот на Бернардо Силва во 14. минута, но Евертон успеа да израмни пред крајот на првото полувреме. Илиман Ендиаје постигна гол во 36. минута, поставувајќи го конечниот резултат.
И покрај обидите, „граѓаните“ не успеаја да ја вратат предноста и останаа без целосен плен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
