Connect with us

Евертон изведе подвиг, со играч помалку го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Евертон вечерва на „Олд Трафорд“ го совладаа Манчестер јунајтед со 0-1 – и тоа на неверојатен начин!

Првото полувреме го одбележа неверојатна сцена од 13. минута, за која допрва ќе се зборува. Фудбалерот на Евертон, Идриса Геј, тогаш влезе во вербален конфликт со својот соиграч Мајкл Кин, а потоа му удри и шлаканица!?

Се разбира, судијата Тони Харингтон веднаш реагираше и му го покажа патот кон соблекувалната.

Тоа беше вистински подарок за екипата на Манчестер јунајтед, која во преостанатите 77 минути имаше играч повеќе на теренот.

Но, наместо домашните да го искористат тоа, само шеснаесет минути подоцна следеше шок за навивачите на Јунајтед.

Бројно послабиот гостински тим во 29. минута поведе со голот на Кирнан Дјузбери-Хол. Тој ја прими топката на триесетина метри од голот, стигна до работ на шеснаесетникот и упати неодбранлив проектил во горниот лев агол, за 0-1.

Манчестер јунајтед, секако, се обидуваше што побрзо да го анулира тој резултат, создаваше шанси, но на голот на Евертон блескаше Џордан Пикфорд. Три големи шанси имаше Џошуа Зиркзе, последната во 89. минута, кога Пикфорд повторно интервенираше одлично и ја одбрани топката што одеше под гредата.

И не само Пикфорд, заслугите за овој голем триумф на Евертон му припаѓаат на целиот тим, кој по исклучувањето успеа да се консолидира, доби нова енергија и ја издржа битката до крајот на натпреварот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови