Mакедонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски со Борац Бања Лука стигна до плеј-офот во Лигата на Европа. Борац Бања Лука го победи Клаксвик со 3-1 по продолженија и се пласираше понатаму, откако на првиот меч загуби со 1-2.
Шишковски беше одличен на голот на Борац и даде полн придонес во триумфот.
Александар Трајковски со Хајдук Сплит доживеа дебакл со елиминацијата на „Пољуд“ од Ружомберок во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Хајдук беше поразен со 0-1 на домашен терен, откако првиот дуел во Словачка заврши без голови, 0-0. Ова само ќе ги зголеми проблемите во Сплит по недоразбирањата што се појавија меѓу Џенаро Гатузо и Иван Перишиќ.
Косовскиот тим Дрита, кој го предводи македонскиот стратег Зекирија Рамадан, се избори за плеј-оф во Конференциската лига на УЕФА откако на реваншот во третото квалификациско коло дури по продолженија славеше против летонскиот тим Ауда со 3-1.
Првиот меч во Летонија заврши со победа на Ауда од 1-0. Во тимот на Дрита настапи и повремениот македонски репрезентативец Егзон Бејтулаи, а Блертон Шеји остана на клупата за резерви.
Елиминација од Конференциската лига доживеа и Марио Илиевски со ЦСКА Софија по убедливиот пораз од 4-0 од кипарски Пафос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













