Европската Унија даде став за случајот со формирање на т.н. Европска Суперлига на најбогатите европски клибови. Суперлигата е слободна да формира сопствено натпреварување, но таа не може да егзистира под закрилата на ФИФА и УЕФА без претходно овластување од две организации.
„Додека Европската Суперлига како компанија е слободна да создава сопствено независно фудбалско натпреварување надвор од еко-системот на УЕФА и ФИФА, истовремено по создавањето на тоа натпреварување не може да продолжи да учествува во фудбалски натпревари организирани од ФИФА и УЕФА без претходно овластување од овие федерации“, велат од ЕУ.
Мислењето на генералниот советник доделен во овој случај, Атанасиос Рантос, не е обврзувачко, но Судот на правдата на Европската унија проценува дека неговите судии ја следат линијата на овие претходни мислења во приближно 80% од случаите.
Денеска треба да биде утврдено дали ФИФА и УЕФА ја злоупотребиле својата доминантна позиција во европските фудбалски натпреварувања со блокирање на создавање на алтернативен турнир.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












