
Естонија доживеа убедлив пораз (2-6) на стартот на квалификациите за Светското првенство, но тоа има голема позадина. Естонците мораа да променат дури десетмина фудбалери, како и селекторот Томас Хаберли откако на последното тестирање се појавил еден случај позитивен на Ковид-19. Сите контакти кои не го прележале коронавирусот мораа да заминат во изолација.
Селекцијата ја водеше поранешниот селектор и легенда на естонскиот фудбал Мартин Реим, кој не можел да верува кога добил повик во 22 часот.
„Претседателот на федерацијата ме повика во 22 часот и ми кажа за итната ситуација. Го замолив да ми соопшти уште еднаш и не сакав да верувам дека е вистина. Мислев дека е некоја шега. Некои од новите играчи ги знам добро, но некои и првпат ги запознав. Јас се тестирав во хотелот после полноќ и станав в.д.селектор“, изјави Мартин Реим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
