
Челси на „Стемфорд Бриџ“ славеше против Ливерпул со 2-1, благодарение на драматичниот погодок на младиот Бразилец Естевао во судиското продолжение. Со овој резултат, се продлабочи кризата на тимот на Арне Слот. Ливерпул има три порази во низа, два во Премиер – лигата и еден во Лигата на шампионите, што го запали црвениот аларм.
Домаќините рано ја презедоа иницијативата и поведоа уште во 14. минута кога Мало Густо му асистираше на Каиседо, кој со прекрасен удар ја затресе мрежата на „црвените“.
Пет минути подоцна Шоболшаи се најде во добра позиција, но неговиот обид беше блокиран.
На стартот од вториот дел Салах сериозно се закани, а израмнувањето стигна во 63. минута – Гакпо ја искористи асистенцијата на Александер Исак и погоди за 1-1.
Финишот понуди вистинска драма. Челзи прво не успеа да реализира преку Естевaо и Каиседо, а Ливерпул не одговори преку Шобошлаи.
Сепак, во 96. минута токму Естевaо се најде на вистинското место и со прецизен удар донесе огромна победа за „сините“. Финишот на мечот не го дочека и тренерот Енцо Мареска од Челси, кој доби црвен картон, поради претераната радост.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
